Кариера

Апликација за работа

„ВЕДЕМА-М“ е компанија која негува стимулирачка работна средина, во која работат и придонесуваат кон успесите на компанијата вистински професионалци. Ги цениме вештините, искуството и образованието што ги носите со себе и за нив бараме начин како може да се искористат во компанијата. Ви овозможуваме пристап до интерни, до екстерни обуки и до тренинзи, кои ви се потребни за да се истакнете во својата работа и за да ви помогнат да го исполните својот потенцијал. На своите вработени им обезбедуваме обуки од искусни и докажани професионалци, кои секојдневно ќе ги поттикнуваат да се чувствуваат ценето и вреднувано. „ВЕДЕМА-М“ се труди да обезбеди постојано подобрување на работното опкружување. Даваме еднаква можност за секој да може да се унапредува и да се развива за да го реализира својот потенцијал и за да придонесе за успехот на компанијата, но и поради заложбата да им помагаме на другите.

Апликацијата претставува ваша можност да споделите што е можно повеќе информации за себе и да ни кажете за своите вештини, интереси и достигнувања досега.

Ве молиме, внимателно пополнете ја апликацијата и вклучете мотивациско писмо, како и препораки релевантни за вашата област, сѐ со цел да стекнеме подобар впечаток за вас.

Откако ќе ја поднесете својата апликација, сте го завршиле првиот чекор на патот кон кариерата во нашата компанија. Но, доколку се прашувате што се случува во натамошниот процес, со вас споделуваме и кратки, практични совети, кои ќе ви помогнат да го искористите своето интервју и да се претставите најдобро што умеете.

Нашата цел преку процесот на интервју е да се запознаеме со вас како личност и како вработен и да утврдиме дали заеднички можеме да ги оствариме целите.

Со нетрпение ве очекуваме да аплицирате!

    CV

    Мотивациско писмо